Утрово е приведен Митко Чавков

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност БЈБ, рано утрово бил уапсен, по налог на јавен обвинител, пренесе Макфакс.

Причина за апсењето се насилствата во Собранието на 27 април. Во инцидентите повредени беа неколку пратеници, меѓу кои Зоран Заев, Радмила Шекеринска, а Зијадин Села заврши со сериозни повреди.

Чавков, е обвинет дека не давал наредба полицијата да ги спречи инцидентите на време.  Се очекува утрово Чавков да биде донесен во кривичниот суд пред судија за претходна постапка.