Утре терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека терестричната дезинсекција (прва фаза) на подрачјето на Град Скопје против ларви од комарци, ќе се изврши утре, 25.04.2019 година (четврток), во периодот од 8 до 17 часот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Air Max 90 SACAI