Утре ќе се одржи фестивалот „Синестетика“ на ледината „Шамак“

Како и минатата година така и оваа утре, со почеток во 12 часот на пладне на ледината „Шамак“ (над Козле, подножје на Водно), ќе се одржи фестивалот „Синестетика“.

Во склоп на програмата ќе учествуваат повеќе авторски бендови, ликовни уметници, филмаџии и ракотворци.

На нивната фејзбук страна, може да прочитате повеќе за овој интересен фестивал.