Утре без вода жителите на „Орце Николов“

Поради дефект на приклучна цевка  ф-6/4 “ на улицата „Орце Николов“ 87, утре од 9 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, на потегот од улицата „Аминта Трети“ до „Мирослав Крлежа“.

Интервенцијата ќе почне утре од 9 часот, а ќе трае до завршување на поправката на дефектот, соопшти ЈП „Водовод и канализација - Скопје“.