Утре без струја делови од Центар, Гази Баба и Карпош

Поради технички зафати во електро-мрежата утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Центар, Гази Баба и Карпош, информираат од РЦУК Скопје.

Во периодот од 8:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од ул. Партение Зографски, дел од ул.Тасино Чешмиче, дел од ул.Тодор Алексадров и дел од ул.Периша Савелиќ во општина Центар.

Без струја од 9:00 до 12:00 часот ќе останат корисниците од ул. Жегљане бр. 26 со околината во општина Гази Баба, а од 9:00 до 13:00 часот и корисниците од дел од ул. Варшавска во општина Карпош.