УТРЕ БЕЗ СТРУЈА: Дел од скопските општини

Поради технички зафати во електромрежата, утре без струја ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров, Петровец, Центар, Шуто Оризари, Карпош, Аеродром и Чаир, информираат од РЦУК Скопје.

Од 10:00 до 14:00 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. „Кичевска“ во Општина Ѓорче Петров, од 09:15 до 12:45 часот селата Летевци, Катланово, Брезница, бензинската пумпа 'Ржаничино, тунелот Катланово, Катлановска Бања и фирмата „Сити трејд“ во Општина Петровец, од 08:00 до 10:00 часот дел од корисниците од ул. „Филип Втори Македонски“ – згради на КИЦ и ССМ, и ул. „Кочо Рацин“ во Општина Центар, а од 09:00 до 15:00 часот дел од корисниците од улиците „Нов живот“, „Злетовска“ и Брсјачка Буна во Општина Шуто Оризари.

Во периодот од 10:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од ул.„Горноврановска“ во Општина Кисела Вода, од 09:00 до 14:00 часот корисниците од ул.„ Козле“ околу бројот 101 во Општина Карпош, од 08:30 до 10:00 часот дел од корисниците од ул. „Тодор Чангов“ – подулица бр. 19 во Општина Аеродром, а од 09:00 до 15:00 часот корисниците од ул. „Лазар Танев“ во Стара Чаршија – преноќиштето Рамче и околината во Општина Чаир.