Уште еден нов жител во Зоолошка - денеска на свет дојде малиот пони коњ

И не престанува среќата во скопската Зоолошка. Многу животни, многу среќа, многу возбуда. 

Вчера, на Цветници се родија две бебиња лемури, а денеска на свет дојде малиот пони ноњ. 

-Мама Златка е од рано наутро со него, пишуваат на својот Фејсбук профил од Зоолошката градина. 

Многу активности, многу настани, многу посетители... Зоолошката секој ден се збогатува со нешто ново, а наскоро се очекуваат да пристигнат уште многу други животни, за кои се спремаат и живеалишта.