Улиците повторно блокирани, шарената револуција најавува протести

 Демонстрантите од „Шарената револуција“ се враќаат на улица. На социјалните мрежи објавен е повик за протест в понеделник пред Собранието, преку кој ќе ја искажат својата поддршка за Специјалното јавно обвинителство бидејќи, како што велат, СЈО повторно е под канонада на режимските гласноговорници.

„Во собранието и по медиумите можеме да забележиме вистински линч и пропаганда против Катица Јанева и целото СЈО“,  се вели во повикот на Шарената револуција.

Демонстрациите кои траеја повеќе од два месеца  почнаа поради револт од претседателската аболиција на 52 лица.

За време на протестите во знак на револт со балони со боја беа обоени институциите и објектите од Скопје 2014.