Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски информира дека исполнил уште едно ветување.
-Улицата „43“ во Волково добива фекална канализација. Мрежата е во должина од 200 метри. Сите заложби се исплатливи и само со домаќинско работење резултатите се видливи, напиша Стојкоски.
Стојкоски кажа дека сите граѓани заслужуваат решени урбанистички проблеми.
-Одиме систематски и по програма, чекор по чекор, по долгогодишниот застој до конечно целосно урбанизирање на општина Ѓорче Петров, најави градоначалникот.