Улица Македонија: Пешачка зона или сообраќајница?

Пешачка зона или сообраќајница, ова е прашањето кое граѓаните го поставуваат. Бројот на возила кои поминуваат на оваа пешачка зона секојдневно се зголемува, а тоа предизвикува револт кај случајните минувачи, пешаците и оние кои уживаат на сонце и кафе во најстрогиот дел во центарот на Скопје. 

Едно вакво видео денес беше објавено на социјалните мрежи. Во него Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ вели дека улица Македонија е симбол кој го отелотворува урбаниот карактер на градот и како таков не заслужува по него да сообраќаат мотори, возила и автомобили: 

Улица Македонија како симбол што го отелотворува урбаниот карактер на градот, неговата историја и, ако сакате, неговата душа или булевар за мотори,коли,комбиња ...?!

Posted by Владимир Нелоски on Thursday, September 19, 2019