Украдени 50 пиштоли и револвери од продавница во Скопје

Во периодот од 14.00 часот на 11.11 до 09.00 часот на 13.11.2017 на  ул. „Васил Ѓоргов“ во Скопје, во продавница за ловна опрема, сопственост на Д.С. (62) од Скопје, непознат сторител извршил тешка кражба, информираат од МВР.

Сторителот, со употреба на погоден алат, влегол во продавницата и одзел вкупно 51 разни пиштоли и револвери, по што побегнал во непознат правец. СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.