УЈП потсетува за обврските кои граѓаните треба да ги регулираат

Почетокот на години е период кога даночните обврзници треба да ги регулираат своите обврски пред Управата за јавни приходи. Во таа насока оваа државна институција ги потсетува организаторите на зелените пазари и даночни обврзници-физички лица кои вршат стопанска дејност за извештаите кои треба да ги поднесат.

Управата за јавни приходи ги информира сите даночни обврзници-физички лица кои вршат стопанска дејност оданочива за целите на ДДВ, а во предходната календарска година (2017) оствариле вкупен промет над 1.000.000 денари, дека имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност најдоцна до 15 Јануари 2018 година.

Во вкупниот промет за регистрација за целите на ДДВ влегуваат приходите остварени врз основа на вршење на стопанска дејност, како што се дејностите на вештаци и стечајни управници, приходи од земјоделска дејност, приходите остварени врз основа на договор на дело, приходите остварени од издавање под закуп на деловен простор, приходите остварени од авторски договори и права од индустриска сопственост, приходите по основ на членување во надзорен одбор и сл.

Даночните обврзници кои во претходната календарска година (2017) не оствариле промет над 1.000.000 денари можат доброволно да се регистрираат за целите на ДДВ со поднесување на Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност најдоцна до 15 Јануари 2018 година.

Пријавата ДДВ-01 може да се преземе преку веб страницата на УЈПи истата може да се достави: по пошта; лично до Регионалната дирекција на УЈП (според седиштето/живеалиштето на даночниот обврзник); или по електронски пат http://etax.ujp.gov.mk

Исто така пазарчиите како организатор на зелен пазар, имаат обврска до Управата за јавни приходи да поднесете Извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари, односно Извештај за тековна состојба преку системот e-pdd.ujp.gov.mk најдоцна до крајот на година која претходи на годината за која Управата за јавни приходи треба да изврши утврдување на данокот. По исклучок, Извештајот за корисниците на продажните места на зелените пазари врз основа на кој треба да се изврши пресметување на данокот за 2018 година, имаат  обврска да го достават до Управата за јавни приходи најдоцна до 15 јануари 2018 година.
Извештај ПДД-И/ЗП се поднесува посебно за секој одделен зелен пазар.