УЈП објави нова листа на должници: приватни и државни компании на врвот на листата

Управата за јавни приходи во петокот ја објави третата листа на должници на 2017 година. На врвот на листата се наоѓа Отекс АД Охрид со долг од 670 милиони денари по основ на ДДВ.

Листата се составува за долгови доспеани до 30.11.2016 и неплатени до 28.02.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На врвот на листата се наоѓа Отекс АД Охрид со долг од 670 милиони денари по основ на ДДВ.  Понатаму од компаниите со поголем долг на листата се наоѓаат и државната Македонија пат, Македонска радиодифузија и Македонска радиотелевизија.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка. Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.