УХМР предупредува: Доаѓа невреме со силни грмотевици

Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни маси, претежно од Медитеранот, информираат од Управата за хидрометоролошки работи (УХМР).

Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа проследени со грмежи и со засилен ветер и силни електрични празнења. Локално процесите ќе бидат застапени и во форма на невреме,  особено во јужните делови на земјава се очекува да наврнат изобилни количини на воден талог, особено в недела и во вторник.

Можна е и појава на невреме со град и со засилен ветер и силни електрични празнења.  Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер, што ќе предизвика намалување на дневната температура  за 5 до 7 степни.