УХМР најави промена на времето

Денес и во наредните два дена ќе преовладува сончево и топло време, а во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има појава на локален пороен дожд со ретки грмежи.

Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината и ќе се движи од 23 до 30 степени.

Пооблачно и понестабилно, особено во северните и источните делови, ќе биде во петок кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе опадне за околу 5 степени и ќе биде во интервал од 17 до 25 степени.

 Во сабота ќе има преодно стабилизирање на времето, а од недела попладне се очекуваат нови врнежи од дожд.