Училиштето во Стајковци се подготвува за учебната година

Два дена до почетокот на учебната година. Основното училиште во Стајковци кое беше претворено во кризен штаб по поплавите кои го зафатија скопскиот регион, интензивно се подготвува за стартот на новата учебна година, пренесува Нова Тв.

Инаку вчера почнаа средбите со граѓаните од поплавените подрачја на кои им се обезбедува правна помош за надоместување на штетите.

Правната помош вклучува информации и совети за постапката за надомест на штета согласно законот за заштита и спасување на лицата од засегнатите подрачја, а ќе ја обезбеди македонското здружение на млади правници.