Убави и модерни куќи, на десет минути од центарот - во оваа скопска населба живеат многу познати скопјани

Оваа скопска населба се наоѓа во подножјето на планината Водно и поради тоа жителите можат да се пофалат дека имаат чист и пријатен воздух, особено во летните денови кога целиот град врие од топло, во Црниче, навистина, е многу попријатно. 

- Населбата е буквално на десет минути одалечена од центарот, и кога би оделе пеш многу брзо би стасале до Зелено Пазарче и Трговскиот центар. Ова е позитивна страна бидејќи граѓаните имаат секојдневен мир и не е присутен сообраќајниот метеж.

- Убавите и модерни индивидуални куќи му даваат посебен имиџ на Црниче. Многу познати скопјани живеат токму во оваа населба.

- Во населбата има и природен извор на квалитетна вода за пиење. Тоа е познатата чешма Света Петка. Многумина сметаат дека се работи за света вода и од тие причини доаѓаат од сите делови на Градот да полнат во шишиња и притоа ја носат во своите домови како света вода. Во Црниче има и стар верски објект многу познатата црква "Света Петка" каде што се случуваат многу венчавки и крштевки.

- Во населбата е сместено и Основното училиште "Кузман Јосифовски -Питу". Неговите ученици можат да се пофалот дека имаат добро опремено училиште со повеќе секции, меѓу кои и информатички центар, сала за спортување , но и добро уреден двор за рекреирање. 

Поради атрактивните локации, во последно време се` почесто индивидуалните куќи стануваат станбени згради. На нивно место никнуваат петкатници, па дури и шесткатници, при што го менуваат ликот на населбата. Од друга страна овие станбени објекти им попречуваат на индивидуалните куќи што се во нивна непосредна близина, односно им ја одземаат светлината.  - Единствен автобус што сообраќа во населбата е автобусот со број 16. Но, како што велат граѓаните, ако сакате да се заборавите од чекање - тогаш слободно застанете на една од автобуските станици во оваа населба .