Уапсен скопјанец осомничен за насилство во банка на Бит Пазар

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 15.30 часот го лишија од слобода 28-годишниот скопјанец К.И., поради сторено кривично дело „насилство“.

– Околу 15.00 часот, според пријавеното, тој влегол во експозитура на банка на подрачјето на Бит Пазар и побарал без лична карта да си ја подигне својата дебитна картичка, но од страна на вработена во банката му било кажано дека тоа не е возможно, по што тој почнал да ги навредува вработените и да им упатува сериозни закани по животот, а потоа да го уништува инвентарот во банката, информира МВР.

Во соопштението се додава и дека Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје во консултација со ОЈО Скопје, ќе поднесена соодветна кривична пријава против К.И. за сторено кривично дело „насилство“.