Триесет наслови за 30 години постоење на издавачката куќа “Ѓурѓа”

Првата независна издавачка куќа во Македонија "Ѓурѓа” одбележува три децении постоење. По повод јубилејот таа објави 30 наслови во специјална едиција "30 години Ѓурѓа" и нив ги претставува на Саемот на книгата.

Првиот наслов "Ѓурѓа" го објави во 1987 година - стихозбирката "Римјани" од Паско Кузман, со цртежи на академскиот сликар Божидар Дамјановски. Оттогаш оваа издавачката куќа има објавено над илјада наслови од најразлични области.

Покрај изданија од областа на психологијата и филозофијата, забележително место во продукцијата на "Ѓурѓа" имаат и над 30 монографии за ликовната уметност, преводните изданија од убавата литература, како и наслови од домашни автори. Пред се, тоа се наслови и автори кои првпат се преведуведени на македонски јазик.

Во изминатите 30 години "Ѓурѓа" беше издавач и на неколку списанија, меѓу кои меѓународното списание за култура „Леттре Интернатионале", основано од Антонин Лим од Париз, „Њорлд Пресс Избор" и енигматското списание "Кефало".