Три лица вчера биле каснати од улични кучиња во Скопје

Три лица вчера пријавиле каснувања од улични кучиња на подрачјето на Скопје. 

- На 14.02.2024 во 11.30 часот во Полициската станица Аеродром, З.И.(62) од Скопје пријавил дека на ул.„Божин Николов-Силни“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

- На 14.02.2024 во 14.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, К.Л.(38) од Скопје пријавила дека на ул. „Дервиш Хима“ во Скопје била касната од куче скитник.

- На 14.02.2024 во 13.25 часот во Полициската станица Гази Баба, В.К.(25) од с.Чучер Сандево, скопско, пријавила дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје била касната од куче скитник.