Месечниот хороскоп за јануари предвидува дека три хороскопски знаци ќе уживаат во љубовта во првиот месец од 2018 година.

Овен

За родените во знакот Овен, зимата е идеална за нова љубов. Овните се знаци кај кои разумот и емоциите не  одат едни со други. Моментално тие бараат идеали, но треба да запаметат дека шармот и нежноста можат да ги освојат на долг рок. Во средината на јануари, можно е познанство преку пријатели или роднини, кое ќе донесе многу љубов.

За оние кои се во врска, јануари е создаден за романтични авантури и влез во забранети врски. Од почетокот на јануари, ќе флертувате каде и да се појавите. Но, водете сметка како се однесувате. На средината на месецот, вашата сакана личност можеби ќе ви се налути за нешто и затоа бидете фини и не влегувајте во проблеми кои во моментот ќе ви бидат интересни, а потоа ќе ви донесат многу неволји. Секако, тоа важи доколку сакате да ја задржите врската.

Лав

Лавовите имаат во план да променат нешто на подобро во новата година, а тоа ќе има големо влијание на спротивниот пол. Ќе имате интересна средба со една Вага или Водолија. Зафатените ќе бидат опсипани од вниманието на партнерот. Не ги преиспитувајте мотивите на саканата личност, туку прифатете ги вниманието и нежноста кои ви се нудат. Лавовите сакаат нова врска, но и врска која ќе трае. Крајот на месецот може да дојде до раскинување на старата и почнување на нова врска, која ќе ве направи многу среќни. Од вас се очекува да донесете важна одлука во јануари.

Девица

Девиците уживаат во љубовта, а нивните сакани ги поддржуваат во сите нешта. Би требало да почнете да размислувате за заеднички живот или брак.  Долго време планирате патување со саканата личност, но постојано одложувавте досега. Можеби јануари  е совршен за тоа.

Слободните Девици ќе запознаат личност која пријатно ќе ги изненади, а можно е и познанството да премине во нешто повеќе. Овој месец дава можности да флертувате повеќе или да ја поправите комуникацијата со оние кои ви се допаѓаат, но со кои никогаш не отидовте предалеку.  Упорно ги занемарувате погледите и нежноста од луѓето на кои им се допаѓате.

За некои Девици постои можност да запознаат некого на работа, но таа личност ќе ве натера многу да размислувате.