Три години не можат да се продадат коњите кои беа наменети за разгледување на проектот „Скопје 2014“

Коњите кои во 2013 година беа купени од страна на тогашниот градоначалник Коце Трајановски, сегашниот градоначалник Шилегов ги продава, но продажбата се уште е неуспешна. 

Коњите беа купени со цел разгледување на проектот „Скопје 2014“. Заедно со нив имаше и кочија и цела опрема. Но, откако на власт дојде Шилегов, овој проект беше укинат и прекинат. Коњита сега не се користат за ништо. За нив се грижат вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ и истите се сместени во шталата кај бараките на претпријатието на кејот на Градскиот парк. 

Еден коњ се продава по цена од 1.800 евра, а заедно со кочијата и целата опрема 5.300 евра, но се уште нема заинтересирани купувачи. 

Единстен ангажман на коњите и кочијата е кога се изнајмуваат од страна на младенци за венчавки и фотосесии.