Треба да се бориме за Скопје - Зелен Хуман Град ги повикаа граѓаните да се вклучат за да запре овој циркуз

Од невладината иницијатива Зелен Хуман Град од каде имаат советник во Советот на Град Скопје се огласија во однос на проблемот со јавниот превоз во Скопје.

Оттаму ги повикаа граѓаните да се пријават за волонтери, со цел, како што велат овој циркуз да запре.

- ЈСП секоја година добива големи субвенции од Град Скопје за да работи. Јавен сообраќај скоро никогаш не е профитабилен за да има ниски цени, е во ред да е субвенциониран. ЈСП не дава јасни извештаи на советот каде одат парите што ги добиваат, и често се бараат дополнителни субвенции низ годината. Советот бара, но не добива дополнителни извештаи. Работењето на сите инситуции во Град Скопје и Македонија не е оптимизирано ниту проверено, и често завршуваат како црни дупки за пари со огромен број на партиски вработувања.Граѓаните и вработените се држат заложници во секое препукување меѓу партиите, без разлика дали се на власт или опозиција, велат од Зелен Хуман Град. 

Од ЗХГ велат дека без граѓаните во советите и на раководните позиции, нема ништо да се промени. 

- Не смееме да дозволиме само однадвор да ги следиме настаните, туку директно да се вклучиме во работата на институциите. Озбилно луѓе, нема друг начин, не може да очекуваме од истата група на луѓе променет начин на работа. Одвои време во неделата и стани волонтер во Зелен Хуман Град, пиши во коментар и ќе те поврземе. Без твојата помош, промената нема да се случи. Кафето ќе го пиеме утре, денес треба да се бориме за Скопје, се вели во нивната објава.