Трајановски: Работам за да ги подобрам условите за живеење на граѓаните

На 15 октомври ќе победиме. Ќе победиме затоа што тоа ВМРО-ДПМНЕ и градоаналниците го исполнија ветија.

Граѓаните гласаат за човек, за личноста што и веруваат. Гласаат за проектите кои ги реализирале, гласаат за проектите кои ќе им бидат понудени. Гласаат за проверени, истакна актуелниот и кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски на вечерашниот митинг во Гази Баба.

Тој истакна дека граѓаните гласаат за проверени и докажани кандидати и не ризикуваат со кандидати кои водат политика.

Трајановски посочи дека не води висока политика, туку работи за доброто на сите.

-На локалните избори во 2009 и 2013 година ми ја дадовте довербата да бидам градоначалник на Скопје. Тоа за мене беше огромна чест, но и голема одговорност сето што беше ветено, да биде реализирано, вели Трајановски.

Тој нагласи дека реализирале проекти кои го сменија ликот на Скопје, ликот на Гази Баба.

-Реализиравме проекти во областа на сообраќајот, конумалната хигиена, го зголемивме зеленилото, ја подобривме инфраструктурата. Изградивме турбо кружен тек  помеѓу населбите Автокоманда и Железара. Ја обновивме парк шумата „Гази баба“. Ги направивме велосипедските патеки од Гази Баба, Автокоманда па се до Карпош. Тоа беа првите велосипедски патеки во Скопје. Го изградивме падпатникот меѓу Хиподром и Инџиково. Направивме голем напор во санирање на последиците од поплавите кои ја зафатија Општина Гази Баба минатата година, вели Трајановски.

Тој нагласи дека и натаму ќе продолжат да и помагаат на општина Гази Баба. Фекална канализација со препумпна станица за населените места Сингелиќ- Економија– Инџиково, нов фекален и атмосферски колектор за населбите Стајковци, Ченто, Инџиково, Хиподром и Маџари, како и препумпна станица за фекални води кај „Макошпед“.

-Првпат се реализираа проекти во сите 10 скопски општини, без разлика на политичката припадност на локалниот градоначалник, без разлика на мнозинската етничка припадност, без разлика дали населбите се урбани или рурални, вели Трајановски.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје истакна дека новата програма е правена заедно со луѓе од сите области, заедно со граѓаните на Скопје.

-Во програмата има голем број на проекти и за општината  Гази Баба: реконструкција на ул. Благоја Стефковски, проширување на т.е бул. Александар Македонски  со трета лента, нов влез и излез од Инџиково и Хиподром на автопатот Скопје-Куманово, изградба на клучка кај Јурумлери, најкапиталниот проект продолжување на  бул.АСНОМ, тоа ќе биде ново сообраќајно и модерно решение, вели Трајановски.