Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов, освои повеќе гласови од неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, во речиси сите општини во Скопје.

Според првичните неофицијални информации објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија, Трајановски има освоено повеќе гласови од Шилегов единствено во Гази Баба и во Кисела Вода.

Во овие две општини, пак, според првичните неофицијални информации, водат кандидатите за градоначалници на СДСМ – Борис Георгиевски во Гази Баба и Филип Темелковски во Кисела Вода.

Според обработени 95,51 отсто од гласовите, Коце Трајановски освоил 96.065 гласови или 39.92 отсто, додека Петре Шилегов е во предност со 134.493 гласови или 50,28 отсто.

Според неофицијалните резултати, Шилегов победува уште во првиот круг на изборите.

Коце Трајановски 8 години беше градоначалник на Скопје.