Ви претставуваме рецепт за традиционален лек кој ќе ја ублажи кашлицата и отежнатото дишење…

Консумирајте по една лажица пред секој оброк или при силна затнатост и кашлица и решете ги проблемите со дишењето и тешкотиите.

Потребни состојки:

– 7 лажици мед

– сок од 2 лимони

– 500 гр кафеав шеќер или 2 шолји јаворов сируп

– 500 гр црвен кромид

– 6 шолји вода

Подготовка:

1. Во поголем сад затоплете го кафениот шеќер до фаза на топење, па додадете му го сецканиот кромид. Пржете на ниска температура неколку минути, внимавајте да не ви загори, а потоа додадете ја водата.

2. Варете на средна температура додека не испари 1/3 од водата, а потоа садот оставете го на страна малку да се олади.

3. Помешајте го лимоновиот сок со медот, па додадете го во оладениот сируп и добро промешајте. Оставете го лекот на преноќи, па наутро процедете и ставете го сирупот во стаклено шише во фрижидер.