Постојат моменти во текот на зимата кога топлото чоколадо може да ни помогне да се стоплиме, но и да се подготвиме за спиење, заборавајќи на сите грижи, проблеми  и одговорности од целиот ден кој е позади нас.

Потребни состојки за 2 лица:

2 чаши млеко

2-3 лажици чисто какао или од кесичка за топло чоколадо

Кафен шеќер

30 мл виски

Начин на подготовка:

Стоплете го млекото во тенџерче. Додадете го какаото и мешајте додека не се истопи. Убаво мешајте додека не е готово. На крајот додадете малку кафен шеќер за вкус.

На крајот, додајте го и вискито. По потреба, декорирајте со шлаг и малку рендано или течно чоколадо.