Тешка сообраќајка на Партизанска: Едно лице заврши во болница

Вчера околу 14.00 часот на булевар „Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода.

Според пријавеното, незгодата се случила помеѓу патничко возило „Рено клио“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(34) од Скопје и  мопед „Баотиан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.В.(52) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ѓ.В. и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.