Тенисерите од фјучрсот во Скопје го избраа најдоброто

Лоциран во главниот град, а на само неколку чекори до реката Вардар, „Руссиа“ нуди највисоки стандарди како хотел во кој престојуваат меѓународни гости. Располагаме со ресторан, спа центар, скај бар, WiFi и бесплатен паркинг.

Во нашиот хотел, собите се опремени и со легла адаптирани за спортисти со должина од 220цм. Како хотел со 4 ѕвезди, наша предност е што објектот е во склоп на Спортскиот Центар „Јане Сандански“ па можат да се користат и неговите услуги.

На тениските терени на „Јане Сандански“ од 20 јуни до 10 јули се одржуваат три ITF Men’s Circuit – Futures турнири во организација на ТК Тенис Парк – Скопје. Овој настан привлече голем број играчи кои играат сериозна улога во светот на тенисот, а чест ни е што хотел „Руссиа“ е домаќин на меѓународни тенисери.

Покрај сите удобности кои им се на располагање, особено внимаваме нивната исхрана да биде избалансирана и таа е под строга контрола на лекар-нутриционист. Ова се причините поради кои нашиот хотел високо котира во хотелиерскиот бизнис и ширум ја отвора вратата за секој што ќе одлучи да го посети Скопје.

Хотел „Руссиа“ кој е во склоп на Спортскиот центар Јане Сандански, ги нуди следните содржини: Спа центар, ресторан, скај бар, конференциска сала, тениски терени, игротека, фитнес и аеробик.