Тарик Филиповиќ со хит претставата „Секс и глад“ гостува во МНТ на 11 април

Хрватскиот актер и водител Тарик Филиповиќ на 11 април во Македонскиот народен театар (МНТ) гостува со хит претставата „Секс и глад“.

Филиповиќ доаѓа во Скопје по пауза од шест години кога гостуваше со одличната монодрамата „Ќиро“ во МНТ која го наполни салонот до втора галерија. Гостувањето на Филиповиќ е во организација на продукциите „КМК“ и „Кикса“.

Филиповиќ во „Секс и глад“ го игра доктор Удо. Изведбата е мултимедијална и интерактивна, а во форма на колажно шоу нуди редослед на песна, танцување и неколку линии на урнебесна забава инспирирана од оваа вечно интригантна тема. Самиот текст е заснован на повеќе драмски, социолошки и антрополошки шаблони, а е составен од Филиповиќ и драматургот Нина Скоруп, а режијата е на Марио Ковач.

Овој пат Тарик ќе ве забавува, едуцира и насмее на тема секс и глад. Оваа театарска претстава на Филиповиќ ја воодушевува публиката низ целиот регион! Докторот по сексологија, професор и плејбој, олицетворение на актерот Филиповиќ, на околу седумдесет минути ќе ве одведе на возбудливо сафари низ прашумата области на човечката сексуалност. Колку и да живееме во хиперсексуализирано време, оваа тема е сè уште табу за многумина, велат од продукциите.

„Секс и глад“ е претстава која служи токму за детабуирање на тие области на човековата природа. Се разбира примарната задача на ова моно шоу е да ве опушти, едуцира, забавува и насмее бидејќи смеата е најсигурниот и најефикасен лек во овие импотентни времиња, а Тарик е докажан лекар за нашите маки.

Во претставата ќе ги запознаете или препознаете видовите сексуални односи, сексуални помагала, но и сексуални пречки кои ќе се обидеме да ги отстраниме. Освен општо познатите сексуални патеки, како што секоја дождовната шума ги крие и своите помалку познати патеки и заобиколувања. Затоа, ќе објасниме некои од оние помодерни феномени како сајбер секс, хемиски секс или, на пример, игра на тркала. Нема да ги избегнеме ни уште поделикатните теми како што се импотенција, сексуално преносливи болести, зависност од секс итн, додаваат од „КМК“ и „Кикса“.