Во пресрет на Европското првенство во танци 2022 во Скопје, вечер од 18 часот на платото на ТЦ „Ист гејт“ ќе се натпреваруваат повеќе од сто танчари од различни возрасти.
– Програмата е замислена како дружење и размена на искуства на ритам машини, но и мал шоу натпревар помеѓу врвните танчари од цело Скопје. За учесниците со најдобри перформанси следуваат многу изнадувања, а за сите обожаватели на хип-хопот следува незаборавно музичко уживање, соопштија организаторите на настанот.
Европското првенство во танци 2022 ќе се одржува од 2 до 5 јули во „Ист гејт“ и Спортскиот центар „Јане Сандански“. Ќе учествуваат над 3000 танчари од 20 земји од Европа.