Инспекциските служби на општина Ѓорче Петров најавија дека ќе вршат зачестени контроли и санкционирање на прекршителите, согласно законската регулатива, откако во изминатите денови било забележано депонирање и палење отпад во депонијата во Ново Село-кај пречистителната станица, без овластување од страна на општината.

Акцијата е во координација со припадници на Министерството за внатрешни работи. Истовремено, оваа мерка се презема и заради енормното загадување во овој период од годината и поради ублажување на последиците од истото.

Од општината апелираат на совесност од граѓаните и максимално почитување на Законот за јавна чистота.