„Стоп за дискриминацијата“ порачуваат ракометарите на Вардар

Вардар во новата ракометна сезона 2016/2017 се вклучува во ЦСР кампања „Стоп за дискриминација” која што ќе трае во текот на целиот шампионат.

Младинците со посебни потреби од ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци-Скопје имаа можност да се сретнат со ракометарите на Вардар и стручниот штаб.

Целта на овој проект е да се осигура дека луѓето од маргиналните групи се прифатени во општеството и да се крене нивото на совест за предизвиците со кои се соочуваат овие луѓе.

Вчера на фудбалскиот натпревар на Вардар против Работнички, по покана на ФК Вардар беа присутни и 22 члена на Здружението на граѓани за третман на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет”.