Стефковски во посета на Детска клиника: На дечињата кои се на лекување им посакав да оздрават

 

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денес беше во посета на Клиниката за детски болести во Скопје каде што ги пости 86те хоспитализирани деца и им додели новогодишни пакетчиња.

За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Здравиот човек има многу желби, а болниот само една - да оздраве!

Да оздрават - им посакав на 86те дечиња кои се хоспитализирани на лекување во Клиниката за детски болести во Скопје кои денес ги посетив и им доделив новогодишни пакетчиња.

Новогодишните празници носат посебна магија која на сите нас ни дава посебна среќа, радост и задоволство. Но таа радост е уште поголема кога ќе видите насмеани лица на дечињата кои се наоѓаат на лекување.

Празниците се одлична можност уште еднаш да ја покажеме нашата општествена одговорност и хуманост кон сите оние на кои им потребна помош, поддршка и внимание.

На сите деца им посакувам пред се добро здравје, неизмерна среќа, благосостојба во домовите и денови исполнети со насмевка на лицата! – напиша Стефковски.