Стар руски лек: Мед и пиво - против настинки, кашлица и воспаление на грлото

Ова е стар руски лек. На половина литар пиво потребни се 4 лажици мед.

Загрејте го пивото, додајте во него мед и испијте го топло, во мали голтки.

Можете и да пропржете шеќер (да го карамелизирате) и прелиете со пиво, па се заедно да зготвите додека шеќерот не се растопи.

Исто така, можете да загреете пиво и во него да додадете мелен бибер. Повеќе пати исплакнете го грлото со овој топол раствор. Како што многумина тврдат, уште наредниот ден ќе се чувствувате подобро.