Во оваа прилика, ќе ви препорачаме еден стар еликсир за здравјето од германската народна медицина. Тоа е пијалак составен од лук (лук), лимон, ѓумбир и вода. Придобивките од овој пијалак се многубројни. Тој е комбинација од три супер здрави производи кои со заедничко и секојдневно влијание може да имаат многу позитивни ефекти за здравјето на вашиот организам.

 
Главната намена на овој еликсир е лекување и превенција на затнати артерии (атеросклероза), регулирање на покачени масти во крвта, спречување на општиот замор на организмот, превенција и третман на инфекции и настинки, интензивно зајакнување на имунолошкиот систем, чистење на црниот дроб и подобрување на ензимите на црниот дроб, спречување на слободните радикали во телото кои ги предизвикуваат најсериозните болести и многу други состојби поврзани со болести на срцето и циркуларниот систем. Бидејќи најголемиот проблем со лукот е неговиот непријатен мирис, веднаш ќе наведеме дека во овој рецепт каде се меша со вода и лимон, неговиот непријатен мирис речиси е целосно неутрализиран, а ефектот е здржан и не треба да ви преставува проблем неговото користење.
 
Потребни состојки:
 
– 4 големи главици лук (40 чешниња )
 
– 4 лимони со кора
 
– Помал корен од ѓумбир  (околу 3-4cm) или две лажици
 
– 2 литри чиста вода
 
Лимонот добро измијте го и исечете на парчиња. Ако тоа е лимон, кој не е органски и  доколку е прскан тогаш третирајте го со раствор од оцет и вода. Овде можете да го најдете и рецептот за тоа. Излупете го лукот и заедно со лимонот и ѓумбирот  ставете го во блендер. Мешајте додека да добиете добро  изедначена маса. Така добиената мешавина, додадете ја во метален сад, истурете 2 литри вода и загрејте  се заедно со мешање до точка на вриење. Непосредно пред точката на вриење исклучете и оставете нека се излади. Процедете преку средно густа цедалка и соберете ја мешавината во стаклени шишиња.
 
Пијалакот се пие секој ден по една чаша од 2дл најмалку два часа пред јадење, односно на целосно празен желудник.(Доколку не ви пречи можете да го консумирате и без да го цедите). Пијалакот чувајте го во фрижидер.
 
Пиењето трае три недели, со секојдневно консумирање по една чаша по што ќе треба да се направи пауза од една недела и повторно можете да продолжите со консумирање по истиот циклус. Доколку вкусот не ви одговара, можете да додадете мед по желба. После 3 недели на употреба ќе треба да почувствувате значителна регенерација на телото од користењето на напивката. Освен за веќе наведените полезности овој пијалак е корисен и за спречување на калцификација во телото, која предизвикува камења во органите и затнување на крвните садови.
 
Комбинацијата од лимон, вода и самото готвење ќе го неутрализираат мирисот на лукот. Пред секоја употреба треба прво да го протресете шишето со пијалакот, за на тој начин да се измешаат лимонот и лукот од дното со сокот. Од искуство може да кажеме дека овој пијалак е добар и за постари лица и им ја враќа енергијата и силата, а воедно ги подмладува, бидејќи по неколку недели ја подобрува нивната циркулација.