Средношколци ги бојадисуваа новите летниковци во ЗОО Скопје

ЈП "Паркови и зеленило" донираше нови летниковци во Зоолошка градина Скопје. Како што информираа од ЗОО Скопје, денеска во акцијата за бојадисување на еден од летниковците учествуваа учениците од прва година од средното училиште "Здравко Цветковски", и директорите на ЈП "Паркови и зеленило" и на Зоо Скопје.