Срчи во студиото: Владо Георгиев скрши шише од глава (ВИДЕО)

Владо Георгиев за малку не настрада во емисијата „Еден на еден“ кога со цела сила скрши стаклено шише од главата.

Жаре во својата емисија практикува разни предизвици, а овој со Владо сигурно беше еден од поинтересните, но и поризични.

Овој пат пред Жаре и гостинот имаше две стаклени шишиња, а во корпата две хартивчиња со нивните имиња. Оној чие име ќе биде извлечено, мораше веднаш да искрши шише од главата. Во овој случај подебелиот крај го извлече Георгиев, кој за среќа и на големо изненадување помина без потреби.