Спроведена акција за кастрење на гранки во Центар

Екипата за дрвореди на ЈП Паркови и зеленило викендов започна со кастрење на гранките на дрвјата на булеварите „Димитрие Чуповски", „Климент Охридски" и „ВМРО" во општина Центар.

Од ЈП Паркови и зеленило информираат дека акцијата се спроведува заради овозможување поголема видливост на возачите и ослободување на патната сигнализација и поголема прегледност и безбедност во сообраќајот.

Инаку оваа пролетна акција за кастрење на гранки ќе продолжи и во наредните викенди, на различни локации, каде што тоа ќе е потребно.