Сплотени и хумани, Македонците на Малта едногласни— И ние ќе донираме!

На фејзбук има неколку групи каде Македонците на Малта често дискутираат за проблемите, за нивните заднички цели, но и за ситуацијата во Македонија. 

Овој пат на фејзбук страната Македонци во Малта, одекна вест дека сакаат да се приклучат во донациите за семејствата во Македонија, на оние за кои им е најпотребна финансиска помош.

Иако многумина од нив се преселени и живеат на Малта долги години, не заборавија на хуманоста и човечноста. 

Овие луѓе нека бидат пример за тоа дека и покрај животот во странство, не треба да заборавиме кои сме и од каде доаѓаме. Браво секоја чест за потегот, се гордееме што имаме вакви сограѓани.