Дефинитивно, режимот на исхрана игра основна улога кога станува збор за добриот изглед на нашата кожа.  Често се вели дека ние сме тоа што јадеме. Повеќе од точно, бидејќи режимот на исхрана влијае не само на здравјето но и на нашиот физички изглед.

Не е тајна дека денес има различни процедури за да се елиминира целулитот. Но и покрај тоа, најдоброто решение е да почнеме од внатре кон надвор, односно да посветиме поголемо внимание на храната која предизвикува целулит и да се обидеме да ја елиминираме од своето мени.
 

Брза храна, јаглехидрати, пржена храна

Црниот список со храна што треба да ја елиминираме е долг. На прво место тука се јаглехидратите, кои ги има во торти, колачи, кремови, сладолед…речиси насекаде.  Што се однесува до останатите јаглехидрати, во белиот леб, оризот, пастата, ќе треба да обрнете внимание на количината. Во истата категорија е брзата храна. Оваа храна содржи заситени масти, калории, токсини, карценогени супстанции и поради тоа точно оваа храна е најдобриот пријател на целулитот. Истото се однесува и на пржената храна. Дури и да немате целулит, тие ќе ви помогнат брзо да го добиете.

Треба да ги намалите мастите од животинско потекло, геномодифицирани масти(маргарин) и мастите од млечните производи.  Од друга страна солта води до задршка на вода во организмот што е една од главните причини за појава на целулит. Ете зошто е толку важно да бидеме умерени кога станува збор за нашиот режим на исхрана.

Алкохол и газирани пијалоци – липидите кои ги има во газираните пијалоци предизвикуваат појава на оние неугледни и неправилни форми  по кожата, така наречени целулит, поради високата концентрација на шеќер во нив.