Совршен пар, но во паралелен универзум...

Можевме да бидеме заедно. Да бевме во друг живот, некој друг универзум, можеби ќе бевме заедно. Можеби во него би ми рекол дека ме сакаш. Можеби тоа би била реалност, а не моја фантазија.

Но, тоа е во друг универзум, кој е оддалечен со галаксии и бесконечности.

Тука ѕвездите се сурови. И се смееја на нашата трагедија, нашите неуспеси кога посакувавме бајки. Тие сјаеја кога си отидов плачејќи од твојот дом, а инаку беа темни. Исчезнуваа секогаш кога бевме сами.

Во овој живот не ни е судено. Колку и да барам некое друго објаснување, сепак тоа е единственото коешто постои.

Во тој друг универзум,  ѕвездите би се викале по нас и на небото би ја пишувала нашата љубовна приказна. Би имале среќен крај. Таму никогаш не би слушнала дека истовремено ме сакаш и мене и некоја друга. Таму моето срце не би ја познавало оваа болка.

Спомените не би избледеле. Би имал сјај во очите додека после години и години би разговарале за нас. Моето срце секогаш би се сеќавало колку бев лудо заљубена во тебе.

Сепак, јас единствено знам како е да те прогонува нешто што никогаш не било. Знам колку  боли да живееш во минато коешто е бесконечно далеку. Тоа стана мојата реалност. Мојот ум постојано се прашува каде си. Моето срце секојдневно се крши. Се крши кога гледам како се правиме дека немаме минато и дека сме странци. Секојдневно одново те губам.

Моето срце можам само да го смирам со тоа што му велам дека некаде таму постоиме ние, но поинакви. И дека светот би бил подобар кога би биле заедно.