Мојата баба е мудра жена. Имаше среќен брак и многу се сакаа со дедо ми. Таа секогаш изгледа и се однесува како дама. И до ден денес секогаш е средена и насмеана. Од неа ги имам добиено и најдобрите совети за пронаоѓање на љубовта на мојот живот.

Еве само дел од нив:

 1. Добри заби

Кога бев четврто одделение, се шетавме со баба ми во локалниот маркет и видовме еден човек што се смееше. Тогаш таа ми кажа: „Човеков има убави заби. Кога ќе пораснеш, треба да си најдеш човек со убави заби. Не сакаш да гледаш цел живот во расипана насмевка.“

И во право беше. Убави заби се показател за добра хигиена и убави заби значат и добра насмевка.

2. Добра личност

Само што раскинав со тогашниот дечко. Имав 26 години. Зборував со неа по телефон, целата расплакана.

„Ти си подобра од него. Биди со човек што е добар, не мора да биде најубавиот.“

3. Добар со пари

Пак шетавме некаде по продавници. Бев осмо одделение. Мојата баба си купуваше чанта.

Тогаш ми рече: „Никогаш немој да бидеш со дечко кој се лути ако трошиш пари на себеси.“

Таа никогаш не мислеше дека мажот треба да има многу пари, туку дека треба доволно добро да раководите заеднички со парите, за да можете да уживате во нив.