Сопствената мака е секогаш најтешка и најголема!

Секој смета дека неговиот проблем е најголем. Но, Бог ни говори: Јас не доаѓам во твојот живот за да те избавам од тешкотии, туку за да го изменам твојот однос кон нив.

И тогаш поинаку почнуваш да ги гледаш своите проблеми – пооптимистички, посмирено, потрпеливо, похрабро.

Прогони го од себе сето очајување кое ти говори дека секогаш ќе ти биде така тешко. Дете мое, проблемот ќе исчезне, немој да преувеличуваш. Ти толку многу ги преувеличуваш своите тешкотии, па со постојаното размислување на нив, чувствуваш ужас и те фаќа паника. А тоа не е правилно.

Секако се случува едноставно човекот да е така скроен. Тоа е веќе дел од личноста, се работи за одреден карактер. Дури и кога им предложуваш решение на некои луѓе, не го прифаќаат и не можат да  се смират. Не! Тие секако ќе кукаат и плачат.

Им даваш совет, тие на почетокот малку ќе се насмеат, а потоа говорат: „Не, не можам, таков сум се родил.“

Еј види, ти реков дека ако на проблемот погледнеш од сите страни, тој ќе се реши. Не, тие луѓе повторно имаат мрачни мисли, заглавени во својата грижа и заглавени во истите ситуации на кои се навикнати.

Човекот сам себе се гуши со грижата на совест и загрижувачкото чувство на вина. Понекогаш чувствуваме загриженост поради тоа што сме среќни во даден момент.

Ако чувствуваме среќа веднаш мислиме дека ќе се случи нешто лошо. Си мислиме: „Јас не можам да бидам среќен! Сигурно ќе се случи нешто за неколку дена.“

Ти не знаеш едноставно да насладуваш и да се радуваш. А погледни ги сите убави работи во твојот живот, исто како што ни рекол и Христос. Погледни со оптимизам, со надеж и речи: Благодарам!

Престани со кукање! Престани со тоа постојано да си незадоволен, престани да се жалиш, да ја преживуваш неправдата и да се однесуваш како некој друг да ти е крив.

Знаеш ли колку луѓе страдаат во моментов, баш во овој момент? Колку болни луѓе кои со маки умираат во болниците.... тоа е страшно!

Неодамна ми се јави еден човек и ми рече: Утре одам во болница, ќе ми ја оперираат ќерката.

Дали некогаш сте седеле во болница исчекувајќи новости за состојбата на блиска личност? Покрај тебе мирно проаѓаат доктори, сестри, а ти седиш и не може да престанеш да се грижиш.  Тоа е проблем, а не секојдневните ситници со кои се соочуваме.

Ве молам, ајде да бидеме сериозни, затоа што ние  често сме навистина неблагодарни.

Барем еднаш кажете: Благодарам!

  • Архимандрит Андреј

new nike air max 2019