Сопружници од Скопје брутално претепани на улица среде бел ден

Во текот на вчерашниот ден 52-годишната Р.И. пријавила дека претходниот ден околу 15 часот на крстосница од улиците „Мелничка“ со  „Бутелски Венец“, во Скопје, таа и нејзиниот сопруг С.И. биле физички нападнати од  непознато лице.

Напаѓачот со возило им го попречил патот. С.И. излегол од неговото возило и побарал лицето да го тргне возилото за да помине. Без да каже ништо, лицето најпрво со спреј со непозната содржина го испрскал неколку пати во пределот на очите, а потоа почнал да го удира со клоци и тупаници во пределот на телото и главата.

Р.И. излегла од возилото со намера да го одбрани својот сопруг, а напаѓачот и неа ја нападнал со тупаници во пределот на главата, а истовремено и неа ја испрскал со спрејот во пределот на лицето.

После тоа, напаѓачот со неговото возило побегнал во непознат правец.  Се преземаат мерки  за целосно расчистување на случајот.