Сообраќајна несреќа кај Велес - повреден скопјанец

Уште една несреќа се случила вчера на македонските патишта.

- На магистралниот пат Велес-Штип, кај Лозово, вчера околу 9:00 часот дошло до судир помеѓу три возила, „Мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.П. (46) од Штип кое удрило „Тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувана од С.Д. (27) од Скопје. После тоа возилото „Тојота“ удрило во патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Г. (49) од Скопје. Притоа, со повреди се здобил А.Г, информираат од полицијата. 

 Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.