Сообраќајка пред Влада, едно лице повредено

Едно лице е потешко повредено во сообраќајната несреќа која се случи околу 08:00 часот на раскрсницата пред Владата на Р.Македонија.

Станува збор за постаро лице кое се обидело да ја помине улицата надвор од пешачкиот премин.

Засега нема информации во каква состојба е повредениот. Се очекуваат повеќе информации во текот на денот.