Сообраќајка на автопатот кај кумановско Романовце, настрада едно лице

 

33-годишен скопјанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера кај кумановско Романовце. Тој бил удрен од „бмв“ по што се збаил во товарно возило. 

- На 29.04.2024 во 17.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во насока кон Куманово, атар на село Романовце, кумановско, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Г.Г.(35) од Велес, удрило во патничко возило „ланд ровер“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од М.Џ.(33) од Скопје, кое пак по инерција удрило во товарно возило „ивеко“ и приколка со битолски регистарски ознаки, паркирано од Т.П.(47) од Прилеп.  Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Џ., констатирани во Општата болница Куманово, информираа од МВР. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.