Сообраќајка кај Влада - сообраќајот се одвива отежнато (ФОТО)

Две возила се судрија предмалку на раскрсницата на булеварите „Илинден“ и „Климент Охридски“, на раскрсницата кај зградата на Владата.

Според информациите од СВР Скопје, во судирот учествуваа „мицубиши“ и голд“ и двете возила со скопски регистарски таблички. Причинета е само материјална штета.

Судирот предизвика отежнато движење по еден од најфреквентните булевари во Скопје.

Полицијата изврши увид.

Фото: Република