Сончево со умерен ветер, пред нас е топол викенд

Денес во Македонија ќе преовледува сончево и топло време, проследено со слаб ветер од променлив правец.

Минималните дневни температури ќе се движат од 6 до 17 степени, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 28 до 34 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата од 12 до 33 степени.

До недела ќе преовладува сончево време со свежи утра и со постепен пораст на дневната температура, така што за време на викендот температурните максимуми насекаде ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Од понеделник ќе има извесно зголемување на облачноста, а услови за слаб локален дожд и позначително опаѓање на температурата се очекува од вторник.